При купување фотелја, lazy bag најверојатно нема да ви биде првата помисла. Но треба ли да биде?
Голем број студии докажале дека седењето на меко, ергономско парче мебел како нашиот lazy bag носи многу предности кои ги нема на друго место, особено во споредба со традиционални столици и каучи.
За да се осигурите дека овој избор е правилниот за вас, разлистете ја нашата колекција и разгледајте ги предностите на нашите lazy bags:
1. Го подобруваат држењето
Луѓето најчесто веруваат дека треба да седат на рамни, исправени столови за да имат правилно држење. Но, столица која не се приспособува на позицијата и потребите на телото може само да ви наштети. Од друга страна, седењето на lazy bag ви овозможува мека потпора на грбот, при што ги намалува болките во мускулите и го подобрува држењето без свесно да размислувате за начинот на седење.
2. Создаваат удобно ќоше
Без разлика дали вашиот lazy bag стои во детска соба, ходник, двор, или училница, вашето дете може да има свое ќоше секаде. Во ваквиот простор, децата може да уживат, да читат, да пишат домашно и да играт видео игри без вие да се грижите за нивната удобност. А бидејќи столиците се лесни и меки, може да ги преместувате во други соби без да го нарушите мирот на детето.
3. Достапни во различни форми и големини
Изборот на lazy bag е субјективен. Бидејќи нашата колекција содржи столици со најразлични форми и големини, треба да знаете што ви е најважно пред да се одлучите да купите. Размислете за следниве прашања:
- Дали ќе го користите вие или вашето дете?
- Дали ќе го поставите внатре или надвор од домот?
- Дали преферирате специфична форма?
- Колку сакате да е меко?
- Сакате ли патент на надворешната навлака?
- Каква боја одговара на вашата постоечка палета?
4. Погодни за надворешна употреба
Сите наши lazy bags може да се користат во двор, дури и оние кои не се изработени од водоотпорен штоф. Со овие столици, вие и вашето семејство може да уживате под отворено небо. А ако одберете водоотпорен lazy bag, тоа може да ви стане омилениот придружник за на плажа или седење покрај базен со книга в рака. Со новиов начин на релаксација, дозволете и на креативноста да провлади.
5. Лесни се за чистење
Традиционалните столици се напорни за чистење и често барат повеќе од еден вид средство. Но, ваквиот проблем ќе го снема по купувањето на lazy bag бидејќи ова парче мебел речиси и само се чисти. Имено, се што е потребно за навлаката да биде како нова е да ја ставите во машината за перење. А ако нема патент, едноставно поминете низ неа со мокра крпа и средство и почекајте да се исуши.
Остави коментар