adomo е бренд на домашни, македонски производи преку кој вршиме промоција и продажба на премиум производи од македонски производители од широк асортиман на македонскиот пазар и во регионот.

Идејата за формирање на брендот Адомо произлегува од потребата за иновативни канали за вршење на промоција и продажба на квалитетни македонски производи кои се присутни, но не и доволно испромовирани на пазарот. Нашата цел преку брендот е со помош на специјални алатки за анализа и промоција, како и спојување на најдобрите македонски производи да го искористиме потенцијалот на нашите домашни производители и да креираме конкурентна понуда на регионалниот пазар.

Нашата долгогодишна работа во маркетинг сферата ни овозможи да ја увидиме потребата за создавање на депо на сите производи од македонски производители кои се квалитетни, автентични и конкурентни, но од некои причини, се уште не се доволно испромовирани и познати на широкиот аудиториум на потенцијални консументи. Адомо како бренд замисливме да означува нешто наше, нешто домашно, нешто што потсетува на дом и на успешна приказна.

Преку соодветна презентација и добри канали за дистрибуција, нашата цел е да стекнеме доверба кај крајниот консумент дека она што ќе го добие е автентично македонско, најчесто рачно изработено, квалитетно и по фер-цена.

Доколку имате прашања пополнете ја оваа контакт форма и нашиот тим ќе ви одговори во најбрзо време