Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за вас се неприфатливи, ве молиме да не го користите овој веб сајт.
Општи одредби
Авторски права
adomo.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмски код). Неовластено користење на било кој дел од сајтот без дозвола на сопственикот на авторските права се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба. adomo.mk може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ.
Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за вас како корисник тие се обврзувачки.
Цени
Цените во оваа Електронска Продавница се конечни на денот на нарачката. Тие се со вклучен ДДВ изразени во денари. adomo.mk го задржува правото да врши промена на цените без претходна најава.
Политика на цени и залиха
Ние ви нудиме неограничен број артикли со транспарентно објавена цена. Поради динамиката на работење многу од цените се менуваат како и состојбата на залиха, а ние не сме во можност овие промени тековно да ги ажурираме во целост. Затоа ве молиме да имате разбирање доколку некоја цена е променета или артиклот што го барате не е повеќе на залиха. За тоа ние благовремено ќе ве известиме и ќе ви понудиме соодветна замена.
Нарачка
По комплетирањето на нарачката, ќе добиете и e-mail порака како потврда дека нарачката е примена и истата ќе ги содржи деталите од нарачката. Можно е да ве побараме по телефон да ја потврдите истата. Исто така доколку нарачувате прв пат, автоматски ќе ви биде генериран и профил, кој ќе може да го користите за сите идни нарачки.
Испорака
Нарачаните производи кои што се во моментот на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 3-5 работни денови. Доколку не се на залиха ќе бидете известени телефонски или по email порака. Артиклите ќе бидат испорачани на адресата која ја имате потврдено во нарачката. Трошоците за испорака се на товар на нарачателот, освен ако не е поинаку назначено. Производот и трошоците за испорака се плаќаат кога ќе го добиете производот на денот на нарачката.
Рок на испорака
Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.
Рокот на испорака е 3-5 работни дена. За сите нарачки направени во сабота, недела или за празник ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. Сите нарачки направени до 12 часот ќе бидат испорачани за 3 работни дена а за нарачките направени по 12 часот ќе бидат испорачани за 3-5 работни дена. Доколку нашата нарачка не сме во можност да ја испорачаме во овие рокови благовремено ќе бидете известени по телефон или по емаил.
Превземање на пратки
Курирот ја доставува пратката до адреса потврдена при нарачката од страна на купувачот . Доколку курирот не успее да ве пронајде на адресата, тогаш телефонски ќе ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде тогаш пратката ќе биде оставена во депото на курирската фирма од каде ќе можете да ја подигнете во рок од 5 дена. Очекувајте да ве контактираме за утврдување на причината за неподигнување на нарачката и да ве информираме од каде можете да ја подигнете пратката и да ви ги дадеме контактите од курирската фирма.
Плаќање
Производите може да ги платите при приемот на домашна адреса.
Цена на испорака
Цената за достава на сите производи нарачани онлајн од adomo.mk е 150мкд. Доколку нарачката е специфична по обем, тежина или вид и е надвор од овие ценови рамки т.е бара цена на достава по договор ќе бидете контактирани од наша страна за утврдување, договарање на цената за достава.
Враќање
Доколку производот не ви одговара или сакате да го откажате, тогаш можете исклучиво неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување и со приложените документи да го вратите во рок од 30 дена од денот на преземањето. Истиот ќе ви биде заменет за соодветен за недела дена. Доколку не сме во можност да ви го замениме парите ќе ви бидат вратени назад на ваша трансакциска сметка. Во овој случај трошоците за поштарина се на ваша сметка. Доколку производот не е во согласност со вашата нарачка т.е сте нарачале артикал А а сте добиле артикал Б односно сте добиле неисправна пратка, ве молиме во рок од 24 часа по приемот на пратката да не известите за направениот пропуст по телефон или по емаил. Истата ќе ви биде заменета а при подигање на новата исправна пратка ќе ја вратите старата неисправна пратка. Враќањето на неисправната пратка е на наш трошок.
Рекламација
Можете да рекламирате по два основа. Првиот основ е артиклите се оштетени (нагмечени, искинати, измокрени итн) при транспорт до вас. Во овој случај одговорноста е на транспортната фирма. Ве молиме веднаш да пријавите на лице место. Во спротивно не превземаме одговорност. Доколку по пријавата кај транспортерот не наидете на разбирање од нивна страна ве молиме пратката да не ја подигате и веднаш да пријавите кај нас на телефон 074-747-704. Во оваа ситуација ќе добиете нов исправен производ во нова пратка на назначената адреса. Трошоците за ова паѓаат на наша сметка. Вториот основ е гаранцијата на артиклот. Сите артикли имаат гаранција. Гаранцијата е врзана со користење на производот во нормални услови.
Лични податоци
Личните податоци кои ги проследувате до adomo.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законот за заштита на личните податоци. Личните податоци ќе се користат исклучиво за интерна потреба, односно не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки и наплата на истите. adomo.mk се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап.
Право на информации
Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив ве молиме контактирајте не 074-747-704.
Доколку имате некои прашања што се однесуваат на било кој сегмент од нашата соработка а нема соодветна информација на нашата интернет продавница ве молиме контактирајте не на 074-747-704.
Разни содржини кои се проследуваат кон Електронската Продавница
Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи. Адомо нема никакви обврски кон овие содржини и истите може слободно да ги располага.
Малолетници
Адомо им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. Адомо никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.
ДОКОЛКУ СТЕ МАЛОЛЕТНИК односно НЕМАТЕ НАПОЛНЕТО 18год. ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ САЈТОТ И НЕ ГИ КОРИСТИТЕ УСЛУГИТЕ КОИ ВИ ГИ НУДИМЕ, НЕ ВРШЕТЕ КУПУВАЊА И НАРАЧКИ НА ПРОИЗВОДИ ИЛИ УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ САЈТОТ.