web-quadro
dostapni boi

Lazy bag Quadro

3,299ден

SKU: 2187 Категорија
Исчисти
dostava 1

Брза достава

zamena 1

30 дена рок на замена

poddrska

24/7 поддршка

Опис

Табуретката Quadro е идеалниот додаток на секој дом. Ова модерно и повеќенаменско парче мебел е скроено да внесе разновидност во вашиот простор и да послужи како удобно место за седење и одмарање. Quadro е лесен за одржување, изработен од висококвалитетен штоф и направен да трае со години.

Табуретката лесно се преместува, па денес може да уживате во дневната, а утре на терасата и секаде да креирате пријатна атмосфера. Quadro се приспособува на вашето тело, а мекото полнење овозможува удобно седење без болки.

А кога е време за чистење, со едно поминување со влажна крпа, вашата табуретка ќе изгледа како штотуку купена. Достапна е во неколку бои и погодна за сечие внатрешно уредување и сечиј вкус.

 

Предности:

  • Лесно се одржува
  • Водоотпорен штоф
  • Неверојатно удобно
  • Лесно преносливо
  • Се приспособува на телото
  • Погодно за деца и возрасни

 

Технички спецификации:

  • Димензии 50х50 cm
  • Одржување на 30°
  • Меко полнење од полиуретанска пена и ЕПС гранули
  • Софистициран ергономски дизајн
  • Достапна во бордо, зелено, крем, портокалово, светло виолетово, темно сино, тиркизно и циклама

Слични производи